01:26 - 6 април, 2026

(Видео) Дара Бубамара се подготви за празниците: Накити новогодишна елка како од филмовите

Помалку од половина месец нè дели од Новата година, а кај многу познати личности празничната еуфорија само што започна. За многумина ова е најубавиот и најемотивниот период, а во декември секој дом станува вистинска бајка.

Јавните личности често споделуваат на мрежите објави од нивните семејни домови и новогодишни елки кои блескаат неколку месеци за време на празничната магија.

Една од нив е и српската пејачка Дара Бубамара која гордо ја покажа својата новогодишна елка и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи.

На својот Инстаграм таа прикажа видео на кое се пофали со сите детали кои внимателно ги поставила на празничното дрво.

Новогодишната елка изгледаше како оние од филмовите, а во декорацијата доминираше белата боја, како и снежните детали. Снешко, Дедо Мраз, пакетчиња и бели снегулки ѝ ја красеа дневната соба, но и светилките кои блескаа.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....