Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сподели со своите следбеници видео од семејна идила каде што можат да се видат како уживаат во Велигден.
Во видеотот може да ја видиме празничната трпеза и декорациите во кои Цеца уживаше со сестра ѝ Лидија, снаата Богдана и внуците кои ги има од синот Вељко. Веројатно на пејачката ѝ било особено убаво да ги види своите внуци како ручаат, па затоа се создадени и овие снимки.
Следбениците на социјалните мрежи ѝ го честитаа празникот на Цеца, а познато е дека за неа е доста важно семејството да биде заедно за време на празниците.
Инаку, во утринските часови на велигденската литургија во црквата Свети Сава, меѓу присутните беше и Цеца со нејзината сестра Лидија.
