15:10 - 12 април, 2026

(Видео) Бритни Спирс продолжува да ги загрижува обожавателите: Чудни танци и нов пријател со криминално минато

41-годишната американска пејачка Бритни Спирс, по раскинувањето со Сем Асгари, продолжува да предизвикува вознемиреност кај обожавателите. Пејачката на социјалната мрежа Инстаграм сподели ново видео со танцување, кое се повеќе наликува на крик за помош отколку нешто дури и оддалеку слично на кореографија.

Во кадарот Спирс прво танцува боса во црвен градник и во иста боја на гаќички. а потоа носи светло син градник над кој носи уште еден црн градник од тантела. Црните чизми го комплетираат изгледот.

Бритни танцува на музика вклучена „до даска“и, чудно гледа во камерата додека изведува хаотични движења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Претходно се дозна дека Спирс се повеќе е забележана во друштво на маж кој порано работел во нејзината куќа. Станува збор за 37-годишниот Пол Ричард Солис, кој има криминално досие за нелегално поседување оружје, пишува Page Six, повикувајќи се на свои извори.

Солис и Спирс првпат се запознале „пред околу една година“, рекол изворот, истакнувајќи дека мажот бил ангажиран да работи во нејзината куќа во Калифорнија во Таузенд Оукс за „да ги чисти тоалетите, да ги брише подовите и да собира ѓубре“.

Подоцна добил отказ, но Бритни сега решила да поминува време со него, без да се обидува да го скрие нивното пријателство кое, според многумина, наликува на романса.

 

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо
Се вчитува....