11:43 - 6 април, 2026

(Видео) Брена „излезе од хеликоптер“ пред 15.000 луѓе во Арена Загреб: Публиката падна во транс!

Mузичката дива Лепа Брена синоќа пред повеќе од 15.000 луѓе во загрепската Арена го одржа првиот од своите пет концерти, приредувајќи спектакл за паметење.

Лепа Брена во загрепската Арена пристигнала со хеликоптер, а кога го започна својот голем хит, песната „Југословенка“, заедно со неа едногласно запееја повеќе од 15.000 луѓе.

Концертот го започнала со својот хит „Уѓи слободно“ (Uđi slobodno), на сцената излегла во впечатлив аутфит – краток црн фустан украсен со златни реси. Врз него носела црно кадифено палто со златни детали и иницијали Л. Б. и веќе тогаш ја довела атмосферата до врв.

„Со денови се обидувам да смислам некој текст што ќе го кажам на почетокот на овие пет вечери дружење со вас. Тешко е да се изберат зборови и емоции, па наједноставно е да ти кажам дека она што го подготвивме за вас вечерва, нашата емоција и нашите песни ќе покажат сè… па да почнеме!“, рекла Брена, а публиката ја поздравила со громогласен аплауз.

Кога ја запеала „Пожели среќу другима“ (Poželi sreću drugima), Лепа Брена се „скршила“ и почнала да плаче.

 


Инаку, Брена пред една година го најави својот прв концерт во загрепската Арена, а интересот беше толку голем што набрзо беа додадени уште четири датуми, па концерт ќе го одржи и вечерва и на 9 и 10 декември. Сите билети се одамна распродадени.

За петтиот концерт, кој е закажан за 16 декември, сè уште има билети. Цените на билетите започнуваат од 25 евра за партер, 30 за фан пит, 35 за долната трибина и 28 за горната трибина.

Во понудата има и барски маси со услов да се купат минимум шест влезници од 45 евра по лице. За место во ВИП салонот потребно е да одвоите 80 евра, а за ВИП ложата 130 евра.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....