14.8 C
Скопје
17:31 - 11 март, 2026

(Видео) Ана Ивановиќ и Бастијан добија изненадување на концертот на Џастин Тимберлејк: Пејачот ги воодушеви со еден потег

Познатиот пејач Џастин Тимберлејк годинава е на концертна турнеја по долга пауза. Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер ја искористиле можноста да уживаат во музиката што и двајцата ја сакаат, а Џастин направил шоу на концертот и се забавувал, особено со публиката во првите редови.

Имено, во текот на настапот, додека изведувал еден од своите најголеми хитови, Џастин Тимберлејк се приближил до работ на сцената поздравувајќи се со некои од обожавателите. Џастин во еден момент ги забележал своите познати гости, пеејќи им се насмевнал на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, притоа ја пружил раката за да се поздрави со фудбалерот, а Ана возвратила само со дамска насмевка. Потоа, Џастин направил движење како да замавнува со тениски рекет удирајќи топче, со што ѝ покажал чест на Ана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Овој момент ја разубавил вечерта на парот, а ги воодушевил и следбениците на социјалните мрежи.

Видеото во кое Ана и Бастијан се прегрнати и насмеани разнежи многу луѓе, а собра многу коментари и лајкови.

Инаку, Тимберлејк е познат по тоа на своите настапи внесува лични ноти и интеракцијата со публиката. Вечерта полна со емоции и енергија завршила со овации и воодушевување од сите присутни.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....