15:59 - 3 април, 2026

Весна Змијанац проговори за аферата со Бреговиќ: Еден месец живееше во мојата куќа!

Весна Змијанац откри тајна чувана со децении.

Весна Змијанац не крие дека низ годините имала многу додворувачи, а повеќето од нив биле многу богати. Сепак, пејачката ги шокираше сите кога проговори за Горан Бреговиќ .

Српската пејачка во ги коментираше своите најдобри дечковци „Амиџи шоу“, па така, покрај Здравко Чолиќ, Франо Ласиќ, Владо Калембер , таа го избрала и Бреговиќ, а потоа раскажала досега нераскажана приказна и открила дали имале афера со Брега.

– Брега е цар. Никогаш не сме иамле ништо. Целата продукција ја направи за мене на еден албум. Дури и еднаш кога дојде од Сараево, живееше во мојата куќа. Потоа му ја дадов мојата куќа на Бежанијска коса и остана таму еден месец. Мислам дека бев преголем „залак“ за него и затоа не ми се додворуваше – рекла Весна, а сите во студиото останале занемени од нејзиното признание, па продолжила:

– Чола е ок, но Брега е Брега. Да ви кажам искрено, Брега е зезнат тип, но мене лично ми е премногу сладок.

Инаку, Весна зборуваше и за неодамнешната интервенција во емисијата и призна дека сега се чувствува добро, но дека внимава на исхраната, иако одвреме навреме зема терапија.

– Сега сум подобро, лебот и тие работи ги исфрлив од менито. Ги постам сите пости, но тоа нема врска со храната туку и со начинот на живот. Ми вградија два бајпаса и еден стент, сега ми рекоа дека можам да терам, но дека не смеам да носам ништо тешко – изјавила Весна.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....