12.8 C
Скопје
14:59 - 24 март, 2026

Вечерва во 21.00 часот почнува Евровизија 2022: 17 земји ќе настапат во првото полуфинале

Претставниците на првите 17 земји вечерва ќе дадат се од себе за да ги освојат симпатиите на гледачите на сцената на величествената сала Пало Олимпико во Торино и со тоа да обезбедат место во големото финале кое не очекува в сабота.

Кои земји ќе настапат вечерва?

Како што беше одлучено со ждрепката одржана на 25 јануари, во првото полуфинале ќе настапат 17 земји. Првично требаше да учествува и претставник на Русија, но поради санкциите изречени на таа земја Русија го загуби правото на учество на Евровизија. Така, во ова полуфинале ќе ги гледаме следните земји: Албанија, Летонија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Гласање

Во првото полуфинале ќе гласа жирито и публиката од 17 земји учеснички, како и Франција и Италија кои како дел од минатогодишната група на „топ 5“ имаат директен пласман во финалето. Стручното жири е составено од по пет музички експерти од секоја од земјите.

На нивните гласови ќе се додадат и гласовите од телефонско гласање на гледачите, кое започнува по завршувањето на последната изведба и ќе трае десет минути. Домаќините потоа по случаен редослед ќе ги прочитаат имињата на десетте најдобри, додека вистинските резултати од првото полуфинале ќе ги дознаеме дури по завршувањето на финалето.

Преносот на првата полуфинална вечер е обезбеден на сите телевизии на овогодинешните учесници на Евровизија. Шоуто со почеток во 21 часот можете да го следите во живо на МТВ1.

Слични објави

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.
Се вчитува....