10:25 - 12 март, 2026

Вечерва на мечот Германија-Костарика: За првпат жена судија ќе видиме на терен на Светско првенство – Стефани Фрапарт руши уште еден ѕид

Французинката ќе излезе на терен да суди на денешниот натпревар на Костарика-Германија. Помошните судии ќе бидат исто така жени.

Во светот на машкиот фудбал, Стефани Фрапарт со години е првата жена. Судија од својата 13-та година, во 2014 година таа беше првата жена која некогаш судела професионален фудбалски натпревар за мажи, стигна до врвната машка лига во Франција и во 2020 година стана првата жена судија во Лигата на шампионите. Сега руши уште еден ѕид. Таа ќе биде првата жена која ќе суди во историјата на Светското првенство во фудбал за мажи.

Фрапарт ќе суди на натпреварот Костарика-Германија, од групата Е, кој ќе се игра денес (четврток, 1 декември) во 20 часот.

Стефани Фрапарт е една од трите женски судии во групата од 36 судии. Но, досега ниедна не беше избрана да излезе на теренот. Таа и другите две колешки досега ја имаа само улогата на четврти судија на натпреварот. Останатите две се Јапонката Јамашита Јошими и Руандката Салима Мукансанга. Бразилката Неуза Бек, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит се меѓу 69-те помошни судии. Првите две ќе бидат на терен со Фрапарт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

„Ова е доказ дека квалитетот е важен, а не полот. Се надевам дека назначувањето на елитни женски судии за важни машки натпреварувања наскоро нема веќе да бидат сензација, туку работа“, изјави главниот судија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....