13.8 C
Скопје
11:49 - 16 март, 2026

Ваков БУРГЕР до сега не сте јаделе – без месо, со карамелизиран кромид! Рецептот ни го носи махерката Теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни зготви еден многу посебен бургер – халуми песто бругер со карамелизиран кромид.

– Идеален е за оние кои не се љубители на месо и оние кои сакаат за кратко време да подготват бургер – вели Теа.
– Халуми сирењето потекнува од Кипар. Ова е незреено, меко сирење и е мешавина на козјо и овчо млеко (некаде е само овчо млеко). Ова сирење најдобро е да се подготвува на скара – додава таа.
Фото – Готвиме со Теа, Фејсбук
Потребни состојки:
▪️200 гр. халуми сирење
▪️2 бургер лебчиња
▪️2 лажици песто
▪️50 гр. мајонез
▪️1 домат
▪️1 кромид
▪️15 мл. балсамиран оцет
▪️1 лажичка кафеав шеќер
▪️салата микс (марула, рукола)
▪️500 гр. компири
▪️сол и бибер
▪️масло за јадење
ПОДГОТОВКА
Компирите исечете ги и ставете ги да се печат на хартија измешани во сол, масло и бибер во загреана рерна на 250 степени.
Халумито исецкајте го на парчиња и пропржете го на тава со малку масло.
Кромидот и доматот исецкајте ги на ситни ленти и тргнете ги на страна.
Во тава ставете масло да се загрее. Ставете го кромидот и пржете го 5 минути. Измешајте ги на страна оцетот, 2 лажички вода и шеќерот. Ставете ги во кромидот и пржете го уште 3-5 минути.
Во мал сад измешајте ги пестото и мајонезот.
Измијте ја салатата и исецкајте ја.
Кога ќе бидат готови компирите ставете ги лебчињата да се загреат малку и потпечат.
На долниот дел од лебчето ставете од песто/мајонез дресингот. Ставете салата, домати, халуми, карамелизиран кромид и затворете со другото лебче.
По желба на страна ставете плус салата и од компирите.
Добар апетит!

Слични објави

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

msp-admin

(Видео) Длабоко деколте и мини: Џина Џиновиќ го прослави роденденот, ќе се зачудите колку години наполни!

Еспресо

Хороскоп за 16 март: Стрелци, фокусирајте се на оптимизмот и ќе доживеете прекрасни љубовни моменти

Еспресо
Се вчитува....