16:37 - 7 април, 2026

Уапсена позната руска актерка, поранешна девојка на Милош Биковиќ: Ѝ се заканува затвор

Познатата руска актерка Аглаја Тарасова, инаку поранешна девојка на српскиот актер Милош Биковиќ, е приведена на московскиот аеродром „Домодедово“ откако кај неа се пронајдени 0,38 грама наркотици, јавува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор од безбедносните служби.

Аглаја е осомничена за кривично дело по член 229.1, став 1 од Кривичниот законик на Русија, што се однесува на шверц на наркотици, психоактивни супстанции, нивни прекурсори или аналози, а за кои ѝ се заканува казна од три до седум години затвор, пренесува Танјуг.

Аглаја е приведена на московскиот аеродром „Домодедово“ откако кај неа се пронајдени 0,38 грама наркотици, јавува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор од безбедносните служби.

Против Аглаја Тарасова е поднесено барање за определување мерка притвор во случајот со шверц со дрога.

Милош и Аглаја биле во врска од 2016 година, а тој во април 2018 година објави дека раскинале.

– Пријатели! За да избегнеме непотребни разговори и погрешни заклучоци, Аглаја и јас сакаме директно да споделиме важни и интимни вести за нас. За жал, по една и пол година заеднички живот, одлучивме да се разделиме. Ова се случи поради пребукирани распореди и постојани патувања – напишал тогаш актерот и додал:

– Се трудевме да ја поминеме секоја слободна минута заедно, но се покажа дека тоа не беше доволно. Ќе продолжиме да се почитуваме и сакаме еден со друг, и ќе останеме блиски пријатели и колеги. Се надеваме дека ја имаме вашата поддршка и разбирање и ви благодариме за сите топли зборови – порачал Биковиќ.

– Тој е Србин и тоа кажува сè! А мене секогаш ме привлекуваа хулигани, токму такви, со лукав сјај во очите – рекла Аглаја за руските медиуми своевремено за нејзината врска со Биковиќ.

Милош и Аглаја соработуваа и професионално на филмот „Мраз“, а иако беа во врска малку повеќе од година и пол, Милош избегнуваше да ја прикажува убавата Русинка на социјалните мрежи, веројатно за да го скрие својот приватен живот од јавноста.

Инаку, Дарија Аглаја Тарасова е родена на 18 април 1994 година во Санкт Петербург и е ќерка на руската актерка Ксенија Рапопорт и бизнисменот Виктор Тарасов.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....