14:59 - 8 април, 2026

Цеца доби романтичен подарок од мистериозна личност! (ФОТО)

На адресата на популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) стигнал букет со црвени рози кој изгледа дека позитивно ја изненади и воодушеви пејачката.

Цеца на својот инстаграм-профил објави фотографија од букетот со црвени рози кој го доби како подарок, а покрај него стави емотикон од срце.

Пејачката остана мистериозна и не објави дали станува збор за знак на внимание од пријател за Денот на вљубените или некој маж кој се обидува да ја фасцинира и освои со романтичен подарок.

Instagram/Screenshot

Ражнатовиќ со својата објава ги заинтригира сите, а дали ќе открие кој е мистериозниот џентлмен кој и подари нешто на што секоја жена би се воодушевила, останува да видиме.

Пејачката ретко зборува за својот емотивен живот, а неодамна кога новинарите ја прашаа дали планира да се скраси, Ражнатовиќ ги изненади сите со своето контра прашање.

„Кој вели дека не сум скрасена? Дали ви делувам расеано? Шала на страна, мене лист хартија не ми е потребен за среќа и емотивен мир. Јас сум задоволна со својот начин на живот, го организирав онака како што јас сакав, имам доволно искуство позади себе и број на години и привилегија за да можам себеси да си го остварам животот како што сакам“, рече тогаш Цеца.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....