06:05 - 6 април, 2026

Трогателна објава на Весна Петрушевска за Тоше: „Знаев дека татко ти зимава ќе го видам последен пат, и ти беше таму“

Денеска се одбележуваат 17 години од смртта на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце – Тоше Проески.

Актерката Весна Петрушевска – Бејби и Проески беа блиски пријатели и имаа посебна врска, која ја негуваа од самиот почеток на музичката кариера на „славејот од Крушево“.

Денеска таа му посвети емотивна објава на својот инстаграм-профил.

„Зима 2024. Врне снег и одам тивко по уличката која ја знам многу добро. Одам накај тебе дома и почнувам да се тресам. Мислам ќе се појавиш од некаде, па потскокнувам. Ги бројам чекорите кои оставаат траги и се губат од снегот повторно.

На порта излегува мајка ти и почнуваме да плачеме. Ми шепоти: ’17та година врви’. Влегуваме тивко во дневната соба и таму насмеан ме пречекува татко ти. Ми вели: ‘Не ме пушта да си идам. Ете така сум’. Молчиме и се гледаме.

Мајка ти ми подава чаша јогурт со твојот насмеан лик и твојата омилена пита со сирење за Бадник. Едвај подголтнувам. Знаев дека Никола ќе го видам последен пат.

Твојата ‘буба’ е покриена во дворот. Како само таа да ги чува сите спомени, затворена од сите страни.

Се видовме уште еднаш другиот ден да им однесам нешто што само ти сакаше. Долго гледав во празниот двор и сивото небо кое ме гушкаше. Беше студено и ти беше со мене, знам.

Те сакам, твоја Бејби“, напиша Петрушевска.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....