8.8 C
Скопје
19:08 - 6 март, 2026

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Колач од лимон

Овој колач е сочен, ароматичен и освежувачки. Може да се сервира со чај или кафе.

Состојки

За колачот:

  • 200 г шеќер
  • 200 г путер (мек)
  • 4 јајца
  • 200 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • Сок и кора од 2 лимони

За глазурата:

  • 100 г шеќер во прав
  • 2–3 лажици сок од лимон

Подготовка

  1. Подгответе ја рерната на 180°C и подмачкајте калап за печење (или обложете го со хартија за печење).
  2. Изматете путер со шеќер додека смесата не стане кремаста.
  3. Додајте јајца, едно по едно, матејќи постојано.
  4. Измешајте брашно со прашок за печиво и ванилин шеќер, па постепено додавајте ги во смесата.
  5. Додајте сок и кора од лимон и добро измешајте.
  6. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 30–40 минути (проверете со чепкалка – ако излезе чиста, колачот е готов).
  7. Оставете колачот да се излади, а потоа подгответе глазурата:
    • Измешајте шеќер во прав со сок од лимон до густина што може да се прелива.
    • Нанесете ја глазурата врз колачот и оставете да се стегне.

Брз колач од лимон без миксер

Овој рецепт е одличен и брзо се подготвува, без користење миксер.

 

Состојки

  • 200 г брашно
  • 150 г шеќер
  • 2 јајца
  • 100 мл масло
  • 120 мл млеко
  • 1 прашок за печиво
  • Сок и кора од 1 лимон
  • Малку ванилин шеќер (по желба)

За глазурата:

  • 50–70 г шеќер во прав
  • 1–2 лажици сок од лимон

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 180°C и подмачкајте калап за печење или обложете го со хартија.
  2. Во голема чинија, со лажица или маталка, измешајте јајца со шеќер и масло додека смесата не стане еднолична.
  3. Додајте млеко, сок и кора од лимон и добро измешајте.
  4. Во посебна чинија, измешајте брашно со прашок за печиво и ванилин шеќер, па постепено додавајте во течната смеса, мешајќи додека не се добие хомогена смеса.
  5. Истурете ја смесата во калапот и печете 25–30 минути (проверете со чепкалка).
  6. Оставете да се излади, па направете глазура: измешајте шеќер во прав со лимонов сок и прелијте врз колачот.
  7. Оставете глазурата да се стегне неколку минути и сервирајте.

 

Колач од лимон со сируп и глазура

Состојки

Тесто:

  • 150 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 лажици рендана кора од лимон
  • 1/2 лажичка сол
  • 100 г путер (на собна температура)
  • 150 г шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 дл млеко

Сируп:

  • сок од 1 лимон
  • 3 лажици шеќер во прав

Глазура:

  • 150 г шеќер во прав
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица млеко

Начин на подготовка

  1. Во една чинија измешајте брашно, прашок за печиво, кора од лимон и сол. Оставете на страна.
  2. Путерот и шеќерот изматете ги со миксер додека смесата не стане пенаста (5–6 минути).
  3. Додавајте јајца едно по едно, потоа екстракт од ванила и сок од лимон. Мешајте додека не се соединат.
  4. Додајте третина од брашното, намалете ја брзината на миксерот, па додајте млеко и остатокот од брашното наизменично додека смесата не стане хомогена.
  5. Истурете ја смесата во калап (30 × 10 см) обложен со хартија за печење.
  6. Печете на 180°C околу 40 минути, додека колачот не добие златно-кафена боја.
  7. Испечениот колач оставете го да се лади 15 минути во калапот, а потоа прелијте го со сирупот.

Сируп: измешајте го сокот од лимон со шеќер во прав.

Оставете колачот целосно да се излади.

Глазура: измешајте го сокот од лимон и млекото со шеќерот во прав. Мешајте со лажица додека не добиете густа, хомогена смеса. По потреба додајте уште шеќер за погуста текстура.

Внимателно извадете го колачот од калапот, прелијте прво со сокот, па со глазурата и оставете да се стегне пред сервирање.

 

 

Слични објави

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо

(Видео) Агонијата на Луна Ѓогани и сопругот на Малдивите не завршува, таа сега се огласи: „Кој по ред е ова…“

Еспресо

(Фото) Александар Динев: „Порано се срамев од тоа што сум дете од село, денес сум особено горд на тоа“

Еспресо

Некогаш најдобри пријателки, денес далечни: Јована Јоксимовиќ и Александра Радовиќ се скараа поради ист маж

Еспресо

(Фото) Бјанка Ценсори се појави во јавноста закопчана до грло, сите останаа збунети

Еспресо

(Фото) „Си отидов, таму нема пукање!“: Српскиот пејач го напушти Тајланд и покажа хаос на аеродромот каде што пристигна

Еспресо
Се вчитува....