7.8 C
Скопје
23:25 - 30 март, 2026

Третпат гори пекарницата на момчето на Јована Јеремиќ: Направена штета од милион евра!

Во погонот на пекарницата АС, сопственост на момчето на српската водителка Јована Јеремиќ – Драган Станковиќ, избувнал пожар во раните утрински часови.

Како што дознаваат српските медиуми, надлежните органи во моментов се на терен и се истражува причината за пожарот. Ова е трет по ред пожар во пекарницата на српскиот бизнисмен Драган Станковиќ.

Според информации, во пожарот изгорел еден погон од фабриката, а штетата е над милион евра, јавува „Блиц“.

Но, за жал, ова не е првпат да се запали зградата на Драган од 1.000 метри квадратни.

Да потсетиме, во март 2023 година, во шумата над поранешната фабрика Клуз, сегашниот погон на пекарницата АС, сопственост на момчето на водителката Јована Јеремиќ, исто така, имало пожар.

Пред нешто повеќе од две години, во декември 2021 година, Станковиќ претрпел штета од 2 милиони долари, кога неговата зграда од 1.000 квадратни метри поради котларата се запалила во текот на ноќта во Грочка. Тој се огласил за медиумите по пожарот во фабриката во која тогаш имало дури 700 вработени.

Имено, Драган е сопственик на синџир на познати пекарници, а по потекло е од Грочка, поточно од Бегаљица, каде пред две децении го започнал својот профитабилен бизнис.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....