Легендарниот фолк пејач Предраг Живковиќ Тозовац, кој почина во 2021 година, погребан е во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта, а дури по неговата смрт се појавија семејни спорови кои фрлија сенка врз споменот на големиот уметник.
Тозовац почина на 84-годишна возраст, како последица на коронавирусот, оставајќи зад себе богата музичка кариера, но и комплицирана семејна приказна.
Како што дознава српски „Телеграф“, вонбрачните синови на пејачот, со кои тој речиси и немал никаков контакт во текот на животот, сега бараат дел од наследството. Во желбата подеднакво да го поделат имотот што го стекнал Тозовац за време на децениите успешна кариера, меѓу нив избувнал сериозен конфликт. Наводно, пејачот го составил својот тестамент штом дознал дека е заразен со коронавирус, а куќата на Вождовац и два стана во Белград им ги препишал на сопругата Емилија Мими и нејзините наследници. Тој бил многу близок со нив, за разлика од сопствените деца, што дополнително ги налутило неговите синови.
Кои се вонбрачните синови на Тозовец?
Синот Светозар кој живее во Белград, не се појавил на погребот, но положил цвеќе на гробот на својот татко откако сите си заминале. Според извор близок до семејството, Тозовац никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот и децата. Тој имал затегнат однос со своите синови, со бројни несогласувања што на крајот ги оддалечиле. Сепак, повремено се слушал со Светозар, особено кога дознал дека неговиот татко е болен. Тие разговарале и непосредно пред смртта на Тозовац, но тоа не ја променило одлуката на пејачот да не му остави ништо од својот имот..
Вториот син, кој живее во Америка, наводно не бил заинтересиран за здравствената состојба на својот татко, ниту пак, прашувал за него додека бил жив. Дури по неговата смрт стапил во контакт со својот брат за да се распраша за поделбата на имотот. Кога дознал дека сè ѝ припаднало на Мими и нејзините наследници, не го криел своето незадоволство, иако, според изворот, таков исход бил очекуван. Тозовац најмногу ја сакал Мими – тие биле, како што велат, „една душа во две тела“.
Расправијата меѓу браќата околу тестаментот, во кој нивните имиња воопшто не се споменуваат, завршила бурно. Светозар му рекол на својот брат од Америка дека нема морално право да бара наследство, бидејќи никогаш не се ни заинтересирал за својот татко. Наводно му рекол дека е срамота да се јавува само кога човек е мртов, и тоа само поради имотот.
– Тоза никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот и децата. Не бил во добри односи со своите синови, имале некои караници, по што се оддалечиле. Секој си тргнал по својот пат, но одвреме-навреме се слушал со својот син Светозар, кој е во Белград. Тој му се јавил и кога слушнал дека се разболел. Разговарале дури и пред тој ненадејно да почине, но тоа не влијаело на одлуката да не му остави никакво наследство. Светозар не се појавил на погребот за да не го привлече вниманието на јавноста кон себе, но положил цвеќе на гробот на својот татко кога сите си заминале. Вториот син, оној што живее во Америка, од него нема ни трага ни глас! Тој дури и не прашал за својот татко, но го контактирал својот брат за да се распраша за поделбата на имотот од тестаментот напишан од Тозовац. Не му било драго кога слушнал дека сè им препишал на Мими и нејзините наследници, иако тоа било очекувано. Ја сакал најмногу, биле како една душа во две тела – изјавил за српска „Република“ извор близок на починатиот пејач.
