0.8 C
Скопје
02:14 - 11 март, 2026

„Тој е стар, таква жена нема со него да остане“: Јована Јеремиќ со немилосрдна изјава за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ

Веста дека Мелина и Харис Џиновиќ се разведуваат по повеќе од две децении сè уште е една од главните теми на јавноста.

Сега српската водителка Јована Јеремиќ ја даде свој суд и кажа зошто не се изненадила кога слушнала дека дошло до крај на љубовта помеѓу Мелина и Харис.

– Не ме изненади нивниот развод. Мелина е многу помлада од Харис и изгледа феноменално. Харис е стар, логично беше дека ќе дојде до развод. Таква „риба“ нема да остане со него до крајот на животот, тој влезе во сериозни години и факт е дека може да ѝ биде татко, а не партнер. Со самото тоа жената е незадоволна и сосема е оправдано да се разведе – рекла водителката, па се осврнала на шпекулациите дека Мелина била неверна.

– Мислам дека задоцни со разводот, требаше порано да го пресече тоа, а не да дојде во ситуација да ја нарекуваат прељубничка. Јас целосно ја разбирам причината за нејзиното заминување и Харис треба да го разбере тоа и да останат пријатели. Единствениот проблем е ако го изневерувала додека биле во брак, тогаш не е морално.

Јована рекла која според неа има најдобар однос со поранешниот партнер.

– Само јас и Ана Севиќ имавме најздрави разводи и затоа останавме во феноменални односи со бившите сопрузи. Навреме сфативме дека треба да ставам точка на брак кој никаде не оди – заклучила Јована за „Стар“.

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

 

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....