Македонскиот актер Тино Костадиновски имаше посебен повод за славење. Неговата сестра Тамара Костадиновска стапи во брак со својот избраник Кристијан, а актерот не го криеше доброто расположение на свадбената веселба.
Дел од атмосферата откри фолк-пејачот Влатко Миладиновски, кој на социјалните мрежи сподели видео од прославата. На снимката се гледа како Тино, расположен и насмеан, му помага на пејачот со одбројување пред изведбата на познатата македонска песна „Ајде да си речиме“.
„Добро ја избројавме. Тино Костадиновски одлично ни суфлираше (одбројуваше) – „Ајде да си речиме““, напиша Миладиновски во описот на видеото.
View this post on Instagram
Свадбената прослава имала посебно значење за семејството Костадиновски. Тамара и Кристијан ја крунисале својата љубов со брак, неколку месеци по нивната свршувачка во Париз, во јануари годинава.
Инаку, Кристијан е син на Тони Митев, сопственик и генерален менаџер на скопското „Спортско радио 90,3 ФМ“.
Иако младенците не споделуваат многу детали од својот приватен живот, видеата од свадбата открија дел од веселата атмосфера. Особено внимание привлече Тино, кој со своето расположение покажа колку му значи овој семеен настан.
