18:56 - 8 април, 2026

Температури до 42 степени, во Скопје 40 степени, Попоски најавува суша

– Денес, како и во следните денови а вклучувајќи го и викендот, продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Исклучок ќе биде недела попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран од Африка и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во централните и во југоисточните предели има услови температурите да се искачат дури и над 42 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има мали услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите во Скопје овие денови ќе се искачат дури до околу 40 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.

Слични објави

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо
Се вчитува....