5.8 C
Скопје
03:12 - 31 март, 2026

Свршеникот на Милица Тодоровиќ дал изјава во полиција: Нови детали од апсењето на бизнисменот, се огласи и ПР-тимот на пејачката

Мистеријата околу апсењето на бизнисменот полека се разоткрива.

Свршеникот на српската пејачка Милица Тодоровиќ, хрватскиот бизнисмен Марио Б., е уапсен вчера во елитен кварт во Белград.

Марио бил уапсен по потерница на Интерпол и дал изјава во станицата 29-ти ноември.

Како што дополнително дознаваат српските медиуми, тој ќе биде спроведен во Високиот суд каде ќе биде сослушан.

Екипата на српскиот портал „Мондо“ стапила во контакт со ПР-тимот на пејачката, кој истакнал дека Тодоровиќ нема да се огласува за новонастанатата ситуација.

– Милица нема да се огласува околу ништо – навеле од нејзиниот ПР тим.

– Не сум се слушнала со Милица, ќе ѝ се јавам подоцна и ќе слушнам што се случило. Засега не знам дали е вистина или не, но таа нема да дава коментар. И во двата случаи, Милица ќе остане без коментар за оваа ситуација – изјави нејзината најблиска соработничка Бобана Живановиќ за српски „Курир“.

Кој е свршеникот на Милица Тодоровиќ?

Милица Тодоровиќ (34) веќе неколку месеци ужива во љубовта со богатиот бизнисмен Марио од Загреб, а дека нивната љубов е голема докажува и фактот што го прифатила скапиот прстен со кој тој ја свршил.

Како што сега стојат работите, пејачката годинава ќе го каже судбоносното „да“, а венчавката ќе се одржи само пред матичар во општината. Причината за ваквата одлука е тоа што Марио е од римокатоличка вероисповед, а бидејќи нашата црква одобрува само мешани бракови под одредени услови, двајцата се договориле да склучуваат само граѓански брак, пишува српски „Курир“.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....