-2.2 C
Скопје
00:59 - 19 февруари, 2026

(Фото) Сузана Манчиќ ја разоткри пејачката: Ова е дамата која прва вгради силикони на естрадата!

Најпознатата поранешна лото девојка Сузана Манчиќ откри дека Зорица Брунцлик е првата пејачка на територијата на поранешна Југославија која вградила силикон во градите.

Водителката откри дека многу ѝ се допаднале градите на Зорица, па посакала и таа да има исти, што на крајот и го остварила.

Разговарајќи за естетските трендови на денешницата, Сузана истакнала дека силиконските гради не ги „поправила“ од моментот кога ги направила.

– Силиконите ги вградив во Германија, во Минхен пред 40 години. Се сеќавам и на името на докторот, се викаше Герт Кнот. Знаете, кога ќе ги стави Германец, тоа е тоа. Оттогаш не сум ги сменила градите, одам на редовни контроли и тоа е сè, сè е исто како и првиот ден – изјавила Сузана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlata Vujanović (@_zlatanija_)

Манчиќ, исто така, додала дека е таа е втората дама од јавната сцена на поранешна Југославија која имала зголемување на градите во време кога тоа не било популарно и лесно достапно:

– Убавите гради ги видов на Зорица Брунцлик. И пријдов и ѝ шепнав дека и јас сакам такви, каде тоа може да се купи? Таа ми го даде бројот на клиниката, се јавив, закажав и го направив тоа. Зорица ми забележа порати тоа што ја спомнав во мојата книга без да ја прашам како прва дама која вградила силикони, но мислев дека нема потреба затоа што таа е силна, самосвесна жена која беше прва по многу нешта.

Водителката признала и дека не само што ги зголемила градите, туку и дека имала интервенции на лицето кога била млада, па се пошегувала на своја сметка:

– Сакам да кажам дека ниту еден дел од моето тело не е на иста возраст. Тоа е шега, се разбира, но го оперирав носот како многу млада девојка. Тогаш не ми се допаѓаше и сакав помал, но сега не знам зошто тоа воопшто ми требаше – низ смеа изјавила познатата водителка.

 

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....