-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

Супермоќен пар во создавање: „Том Круз е многу загреан за Шакира“, тврдат изворите

Изгледа дека има нов претендент во трката за срцето на Шакира, а тоа не е никој друг туку ѕвездата Том Круз.

Двајцата беа забележани заедно на Формула 1 Гран При во Мајами, а извор вели за британски „Пејџ сикс“ дека Круз е „исклучително заинтересиран“ за поп-суперѕвездата.

„Има хемија“, тврди изворот.

Шакира, која минатата година се раздели од нејзиното долгогодишно момче Жерар Пике, сега има потреба да се потпре на некого, според инсајдерот.

„На Шакира ѝ треба мека перница за да „падне“ на неа, а тоа може да биде Том“, вели изворот посочувајќи дека Круз ги има сите предности зашто е паметен, успешен но и „дечко со убав изглед и голем талент“.

Друга предност што Круз ја има (во споредба со бившиот на Шакира) е неговата висина.

Изворот за „Пејџ сикс“ се пошегува: „Таа не е повисока од него“, истакнувајќи дека Круз е висок 1м и 69 см додека Шакира е пониска од неа со нејзините 1 м и 59 см.

Ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“ наводно ѝ испратил цвеќе на колумбиската пејачка по нивниот заеднички викенд поминат во Мајами, а тие биле видени и како поминуваат време заедно и надвор од ложата на Формула еден, поточно во еден ресторан каде добиле голема приватност.

Шакира и Пике беа заедно 12 години и заедно имаат две деца. Разделбата беше тешка за Шакира, која минатата година изјави за списанието Ел: „Тешко беше не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Можам само да кажам дека вложив се што имав во оваа врска и во моето семејство“.

Што се однесува до Круз, тој има три деца од претходните врски, а неодамна беше поврзан со неговата колешка од „Mission: Impossible 7“, Хејли Атвел. Тие двајца наводно се разделиле засекогаш минатата година.

Па, што носи иднината за Шакира и Круз? Само времето ќе покаже, но јасно е дека актерот е доволно загреан за пејачката. Како што вели изворот за „Пејџ сикс“ – „Тој е подготвен да ја придобие“.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....