11.8 C
Скопје
18:58 - 10 март, 2026

Судот ѝ го одзема старателството на Северина: Моето дете не е вреќа со компири со која ќе тргувате

Како што пишува „Национал“, се случил драматичен пресврт во битката за старателството на синот на Северина, откако Врховниот суд ја поништил пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која беше прекршен Законот за граѓанска постапка, но борбата на пејачката за нејзиниот син нема да заврши. Како што изјави за „Вечерњи лист“, таа ќе се бори до последната капка крв.

Новиот пресврт се случил, наводно, во семејната тужба меѓу пејачката Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Вучковиќ и Поповиќ повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, а момчето, кое наскоро ќе наполни 12 години, се враќа кај својот татко. Оваа одлука стапува во сила веднаш, без оглед на евентуалната жалба на пејачката, наведуваат споменатите медиуми.

Северина за „Вечерњи лист“ ја коментираше целата ситуација :
– Сега врховните судии ја донесоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а јас заедно со него. Не би сакала сега да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не би сакала сега да барам било какви неправилности, особено оние што беа изнесени против правната практика на Уставниот суд, како што вели мојот адвокат. Но, ќе се борам до последната капка крв за моето дете, без кое бев 20 месеци, нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа со компири со која ќе тргувате“.

Слични објави

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....