7.8 C
Скопје
10:21 - 1 април, 2026

Судот пресуди: „Девин е биолошки син на Мирослав Илиќ“, Мирјана задоволна објави на Фејсбук

Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ, објави на социјалните мрежи дека судот во Белград пресудил дека пејачот Мирослав Илиќ е биолошки татко на нејзиниот син Девин Антоновиќ, пишува српски „Информер“.

Мирјана им се заблагодари на сите за нивната поддршка, иако не ја покажа судската пресуда.

Во оваа пригода, таа се огласи на социјалните мрежи и истакна дека правдата е достижна, само треба да се биде трпелив, пишува српски „Блиц“.

– Само да ви јавам, по толку години борба, победата е ваша и наша! Во право бевте, вистината на крајот секогаш победува. Конечно, сè е завршено. Апелациониот суд донесе конечна одлука. Тоа требаше одамна, но подобро и доцна отколку никогаш. (Тој закон итно треба да се измени). Девин секогаш беше и утврдено останува биолошки син на Мирослав Илиќ. Наредбата е така да се запише во сите книги и документи. Ви благодариме многу што верувате и стоите покрај нас упорно, трпеливо и покрај сите лаги. Уште еднаш им се заблагодарувам на сите мои пријатели за нивната сила и поддршка. Мајката е најголемата сила на овој свет. Ве сакаат многу вашите Мирјана и Девин – напишала Мирјана во објавата на Фејсбук.

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....