05:48 - 7 април, 2026

Судот одлучи: Еве кога е закажано судењето на Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Американскиот суд одлучи судењето помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли да се одржи на 9 март 2026 година. Ова соопшти судијата Луис Лиман, откако актерите се тужеа меѓусебно поради наводи за сексуално вознемирување, клевета, граѓанска уцена и други прекршувања.

Имено, Лајвли поднесе голема тужба против нејзиниот колега и режисер Балдони во филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us). Во таа правна постапка, Лајвли го обвини Балдони за сексуално вознемирување и тврдеше дека тој, заедно со неговиот тим, смислиле план за „да ја уништи нејзината репутација“.

Потоа, на почетокот на новата година, Лајвли поднесе уште една тужба против Балдони, овој пат за „тешка и сериозна емоционална вознемиреност“.

Тимот на Балдони се спротивстави на Лајвли и побара 400 милиони долари, наведувајќи ги наводите за граѓанска клевета, клевета, лажно претставување и нарушување на приватноста.

За потсетување, „Дејли мејл“ неодамна наводно доби снимка на која Балдони ѝ кажува на актерката дека „мириса убаво“, што таа го наведе во тужбата како реплика поради која се чувствува непријатно, но се чини дека тоа било заедничка шега за време на снимање на интимна сцена за филмот.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....