12.8 C
Скопје
17:37 - 3 април, 2026

Стивен Тајлер се рехабилитира од дрога, концертите на Аеросмит откажани

Лоши вести од светот на музиката: Стивен Тајлер повторно падна во тунелот на дрогата, а Аеросмит беа принудени да ги откажат датумите на нивните концерти во Лас Вегас.

Фронтменот на бендот сега е во центар за рехабилитација и се согласил доброволно да биде хоспитализиран.

Во официјалното соопштение, групата им се извини на фановите и рече дека им е жал поради откажувањето на следните концерти во јуни и јули.

„Како што многумина од вас знаат, нашиот сакан брат Стивен вети дека ќе остане трезен со години на неговиот профил на Твитер. По операцијата на стапалото за да се подготви да се врати на местото на настанот и потребата да се издржи болката за време на процесот, тој имал релапс (рецидив) и доброволно влезе во програма за терапија за да се фокусира на неговото здравје и закрепнување“.

Тајлер (74), роден како Стивен Виктор Таларико, никогаш не ја криел својата зависност од дрога и алкохол. Последен пат тој отиде на рехабилитација во 2009 година. Во 2017 година, инспириран од некои жени со проблеми со дрога и жртви на сексуална злоупотреба, тој ја отвори Janie’s House, центар на периферијата на Атланта за девојки кои се жртви на насилство. „Историјата“ на зависност на Тајлер датира од 1970-тите кога тој и гитаристот Џо Пери го добија прекарот „Токсични близнаци“.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....