7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

Српскиот претседател Вучиќ излегува од фрижидер, АМА И ОД ПАШТЕТА И ЧАША: Погледнете го изборниот спот и пародијата за него

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот тим за односи со јавноста одлучија недостатоците на Вучиќ да ги претворат во негова предност во претседателската кампања, која завршува на 3 април, кога се одржуваат претседателските избори во земјата.

Партијата „Српска народна странка“ на чие чело е Вучиќ, многу сериозно ја сфати кампањата за претседателските избори и го сними третото видео од серијалот за промоција на Вучиќ, а досега потрошила околу 600.000 евра.

Покрај тоа што прима разни делегации, спортисти, бизнисмени, посетува разни места, присуствува на секакви и најневажни отварања, Вучиќ во Србија е познат како човек кој буквално ќе ти излезе и од паштета што си ја отворил, бидејќи го има насекаде без посебни потреби и причини. Опозицијата го нарече Вучиќ „трујач на јавниот простор“, и „задушувач на опозицијата“, а ова видео е негов автоироничен гест кон сите овие провокации.

Сепак, иако за многумина спотот е многу симпатичен, некои пак, сметаат дека би бил успешен само доколку Вучиќ навистина не би бил присутен во сите српски медиуми и кога навистина не би излегувал не само од фрижидер и не само од паштета, туку и од чаша.

Во вториот спот погледнете ја реакцијата на граѓаните, односно пародијата на спотот на Вучиќ.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....