21:42 - 2 април, 2026

Среќен роденден Ринго Стар: Тапанарот на „Битлси“ сè уште се чувствува како да има 27 години

Тапанарот на „Битлси“ денес (7 јули) полни 83 години, но тој тврди дека не е стар и дава сè од себе да биде зафатен со некоја активност.

Во интервју за магазинот „Пипл“, Ринго рече: „Ништо не ме тера да се чувствувам стар. Во мојата глава, имам 27 години. Мудроста е тежок збор. Стареењето се случува, а вие се обидувате да бидете преокупирани со нешто…“

„Никогаш не сум се чувствувал потиштено. Мислам, имам свои моменти, се разбира. Но, моето расположение е високо. Тоа е сè што можам да кажам, навистина“.

Ринго ќе го помине својот роденден со сопругата Барбара во Лос Анџелес на својот годишен настан Peace + Love („Мир плус љубов“), во текот на кој ги охрабрува фановите да испратат бран на излевање мир и љубов во целиот свет точно напладне на кој било начин по нивна желба.

Настанот почна во 2008 година кога Ринго во едно интервју беше запрашан што сака фановите да му купат за роденден.

Тој без размислување одговори: „Би сакал сите да одат, ‘Peace + Love’, напладне на мојот роденден, 7/7, седмиот ден од седмиот месец“.

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....