1.8 C
Скопје
07:42 - 10 март, 2026

СПОРЕД „ДЕЈЛИ МЕИЛ“: Путин мора да се оперира од рак на желудникот, командата ќе ја преземе Патрушев

Не престануваат хипотезите поврзани со здравјето на Путин. Во војна и во контекст во кој тешко може да се препознае пропагандата од реалноста, ново поглавје ја збогатува приказната поврзана со тоа дека Путин можеби е болен и дека боледува од рак. Британскиот таблоид Дејли Меил известува за најновите случувања.

„Според анонимен извор во Кремљ, Путин би можел да биде принуден да се откаже од контролата врз војната во Украина на неколку дена, бидејќи е блиску до операција поради рак – пишува Дејли Меил -. Во тој момент командата ќе ја преземе поранешниот шеф на ФСБ Николај Патрушев, во период од неколку дена во кои тој нема да биде во можност да се справува со војната“.

Таблоидот цитира видео објавено на многу популарниот канал Telegram General SVR, во кој приказната доаѓа од „извор од Кремљ“.

Интервенцијата, според изворот, нема да се случи пред 9 мај, прославата на Денот на победата на Русија во Втората светска војна во која, според британските разузнавачи, Путин би можел да објави тотална војна на Киев.

„Операцијата беше закажана за втората половина на април, но е одложена – објаснува изворот од Кремљ – Се чини дека нема некоја посебна итност, но сепак, не може ниту да се одложи“.

Москва отсекогаш цврсто негираше дека Путин има какви било вистински здравствени проблеми и покрај некои неодамнешни видеа за движењата на Путин кои го сугерираа, наводно, спротивното.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....