16:23 - 7 април, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ублажување на болка со „пациент-контролирана аналгезија“

Болката е сигнал дека нешто не е во ред со телото. По операција, нормално е да чувствувате болка, но со современите лекови, таа може ефикасно да се контролира со цел побрзо заздравување и закрепнување.

Начини на давање лекови за болка:

• По барање: Можете да побарате лек од медицинската сестра.
• Во одредени интервали: Лекот се дава редовно за континуирана контрола на болката.
• Пациент-контролирана аналгезија ПКА (PCA): Самостојно дозирање лек преку интравенска пумпа.
• Епидурална PCA (PCEA): Лекот се администрира во ‘рбетниот простор за континуирано олеснување на болката.

Како функционира ПКА (PCA)?

Лекар анестезиолог одредува дозирање, интервали и максимална количина на лекот за да се спречи предозирање. Лекот, најчесто опиоид, се администрира преку пумпа. Медицинскиот тим го обучува пациентот како да ја користи пумпата и потоа ги следи ефектите.

Каj кого да се примени?

Со правилна примена, ПКА (пациент-контролираната аналгезија) може да се користи кај пациенти во болница за да им се олесни болката по операција, но и дома кај пациенти со континуирани, силни болки што нема да престанат. Може да се користи за болни состојби како панкреатитис. Добро делува и кај луѓе што не можат да земаат лекови преку уста. ПКА може да се користи и во домашни услови кај луѓе што имаат умерена до силна болка предизвикана од карцином. Децата на возраст од седум години можат да имаат корист ако ја разберат идејата и начинот на примена. Не се препорачува за луѓе што се збунети, дезориентирани или не реагираат.

Предности на PCA:

• Брзо и ефикасно ублажување на болката.
• Намалена потреба за чекање медицински кадар.
• Подобра контрола со помали дози.

Безбедносни мерки и ризици:

• Често следење од медицинскиот кадар.
• Можни несакани ефекти од опоидниот лек: алергиски реакции, гадење, низок крвен притисок, поспаност, запек,
проблеми со мокрење и дишење.
• Единствено пациентот треба да го притиска копчето за дозирање и само во случај кога е потребно обезболување.

За да се информирате подетално, закажете консултација со анестезиолог. Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Информации и закажување на тел. 02 3091 484.

Д-р Сања Маринковиќ Бојаџиевска Спец. по анестезиологија со интензивно лекување

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....