13.8 C
Скопје
18:37 - 30 март, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Изразот ,,скршено срце“ не е само термин, туку е вистинска состојба и симптом во медицината, кој се јавува при силна и тешко издржлива емотивна и телесно стресна состојба.

Деновиве, сите ние се соочуваме со одредени измешани чувства на кои никој од нас не останува имун, чувства кои попримаат колективно непријатно доживување, кои се поврзуваат со тагата.

Тагата и нејзиното оджалување минува низ неколку фази. Започнува со негирање, по првичното неверување за случениот настан. Но, потоа, кога настапува свеста за настанот, во склоп на процесот на тагување може да се почувствува бес и гнев, чувство на вина и жалење за пропуштени настани и разговори, лутење, како и неприфаќање на состојбата.

Во овие моменти во кои се соочуваме со сериозна загуба и нечуена катастрофа во државата, потребно е да се изземеме од сопствената тага, жал, емпатски да дадеме несебична помош кон членовите на семејствата на починатите, семејствата на повредените што и понатаму трепетат за животот на своите најмили.

Потребно е да бидеме до нив, да дозволиме да бидат свои – да сакаат да зборуваат или не, да консумираат храна или не, или трпеливо да ги поттикнеме, да им покажеме дека не се сами, да прозборуваме за убавите мигови поминати заедно.

Секој може да понуди добар збор, да понуди парче храна, да подаде рамо за плачење, бидејќи во овие немерливи моменти на душевна болка, најважно е да се обезбеди безбедна средина, поддршка и несебичност. Во овие моменти е неопходно да почувствуваат љубов, разбирање, негување, односно да сфатат дека не се сами.

Сето ова е клучно поради фактот дека:

Изразот „скршено срце“ не е само термин, туку е вистинска состојба и симптом во медицината кој се јавува при силна и тешко издржлива емотивна и телесно стресна состојба. Оваа состојба во медицината е именувана како – синдром на скршено срце.

Во моменти на емотивно соочување со стрес, кај дел од лицата може да се ослободи адреналин и норадреналин во голема мера што може да предизвика стеснување на крвните садови, намален довод на крв во срцето и можен срцев удар.
Оваа состојба може да се јави во моменти на емотивна загуба на член на семејство, блиски значајни лица, губење на општествениот статус или работа, ненадејна болест, средби со драги лица со кои долг временски период немало комуникација. Состојбата може да се појави и при наеднаш настапена состојба на тага или по одреден период на тагување.

Лицата чувствуваат стегање и притисок во градите, недостиг на воздух, ненадеен почеток на изразен умор, ладна пот или зашеметеност.

Значајно е да знаеме и дека:

Покрај обезбедување и грижа за секојдневните потреби на оние што тагуваат, лицата што го потпомагаат нивниот процес на тагување, треба да препознаат и состојби на влошување на телесното или на психичкото здравје и да помогнат во обезбедување соодветен медицински преглед (интернистички-кардиолошки и психијатриски)

И сето ова е од голема важност бидејќи не страдаат само прво засегнатите туку и нивни блиски роднини и пријатели. Затоа, помошта треба да продолжи и да трае. И не само во градот Кочани, туку и во другите градови во источна Македонија.

Во Клиника „Жан Митрев“ постојат стручни лица, психијатар, психотерапевт, психолог, кои можат да овозможат подобрување на менталното здравје кај лицата во процесот на оттагување и оджалување.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

М-р д-р Марија Костадиновска, специјалист психијатар

Комерцијален текст.

Слични објави

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо

Весна Змијанац: Кога ќе заминам од овој свет, многу луѓе ќе ги мрзи да дојдат на мојот погреб

Еспресо
Се вчитува....