3.8 C
Скопје
23:27 - 20 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Редовните контроли се клучни за превенција од рак на простата

Редовните контроли се клучни за навремено откривање и решавање на заболувањата на простатата.

Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган што страда е простатата. Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем и се наоѓа веднаш под мочниот меур. Низ овој орган поминува делот од уринарниот тракт по напуштањето на мочниот меур. Простатата има различни функции, од кои најважна е да произведува дел од семената течност. Простатата има и ендокрина функција што значи дека лачи и хормони. Простатата е комплексен орган што бара внимание и доколку почувствувате проблеми, не смеете да ги игнорирате, туку треба да појдете на преглед кај уролог. Проблемот може да биде брзо и едноставно решлив, но честопати може да станува збор за сериозно заболување како простатитис, бенигна хиперплазија на простатата (БХП), па дури и рак на простата. Секоја од овие болести е крајно опасна за секој маж и бара посебно медицинско внимание, без одложување!

Кои се ризик-факторите за заболување на простатата?

Истражувањата покажуваат дека генетските фактори во семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол, значително може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата.

Болести на простата

– Простатитисот е воспаление на простатата и е најчесто поврзан со одредена бактерија. Вообичаените симптоми вклучуваат: болно или тешко мокрење и хронична болка во препоните, во карличната област или во гениталиите. Доколку не се лекува навреме, простатитисот може да предизвика сериозни проблеми и тоа обично се забележува кај сексуално активни мажи. Третманот го одредува лекар-уролог во согласност со видот и силината на воспалението.
– Бенигна хиперплазија на простатата (БХП)
Ова е болест карактеристична за мажите по 40 година од животот кога простатата почнува постепено да расте. Особено, внатрешниот дел на простатата може да се зголеми, а жлездата на простатата, која вообичаено е со големина на костен, може да достигне големина на јаболко или дури и на портокал. Токму оваа состојба се нарекува бенигна хиперплазија на простатата (БХП). Вообичаените симптоми вклучуваат: болки и неможност за мокрење.
Првиот чекор во третманот на бенигна хиперплазија е секако посета на уролог, со цел прецизна дијагностика по што ќе следува лекување.
– Ракот на простата

Ова е болеста што најстрашно звучи кога се зборува за машкото здравје. Всушност, ракот на простатата претставува неконтролирано растење на клетките во жлездата на простатата. Вообичаените симптоми се: неможност за мокрење, крвава урина итн.

Опасноста од пробивање на овие клетки низ капсулата што ја опкружува простатата е голема и токму таа состојба може да стане опасна, па дури и по животот на самиот маж! Ракот на простатата, за разлика од бенигното зголемување на жлездата на простатата, не настанува од центарот на простатата, туку од регионот блиску до капсулата, подалеку од центарот. Иако ракот на простата има бавна прогресија, сепак треба будно да се следи и навремено да се реагира.

Клучни се редовните контроли, барем еднаш годишно, доколку немате симптоми, или веднаш доколку ви се појави каква било болка, проблем со мокрењето и слично.
Освен уролошкиот преглед, потребно е да се направи и ПСА-тест, како и тест за PHI-индекс. Овој тест се прави преку крвна анализа и го мери количеството на простата -специфичен антиген.

Зошто токму овој орган е на удар во последниве неколку децении и што би можеле да направиме превентивно?

Брзиот начин на живот, секојдневната преоптовареност со обврски и нередовниот животен стил имаат огромно влијание, бидејќи тие го нарушуваат функционирањето на целиот организам, па и на самата простата. Затоа препораките се едноставни. Одржувајте нормална телесна тежина преку внесување здрава исхрана и практикување редовна физичка активност. Конкретно, дебелината и прекумерната телесна тежина се предизвикувачи на болестите на простатата. Истражувањата покажаа дека генетските фактори од семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол, може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата. Бидејќи најважни се семејните ризици, се препорачува редовно годишно следење за сите мажи по 50-годишна возраст, особено оние со семејна историја на рак на простата, во однос на ризикот од рак на простата.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање, закажете термин или консултирајте се на тел. 02 3091 484

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....