08:30 - 5 декември, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кортизолот и менопаузата

Процената и заклучокот за причините поврзани со неможноста да се намалат вишокот килограми, треба да ги направи лекар, искусен професионалец. Ендокринологот е тој што може точно да дефинира дека дебелината не е исклучиво поради зголемен калориски внес, туку има други причини за тоа. Во таа смисла годините и полот играат голема улога.

Женскиот пол, особено во периодот на перименопауза и менопауза е најподложен, односно најзасегнат, од појава на вишок килограми. Во тој период од животот, поради хормоналните промени што дополнително влијаат како фактор врз целокупниот метаболизам, треба да се земе предвид и значењето на кортизолот во целиот тој процес.
Кортизолот е хормон што се лачи од кората на надбубрежните жлезди и е одговорен за справување на организмот со стресни состојби, вклучувајќи и акутни животозагрозувачки состојби и инфекции. Освен тоа, кортизолот има важна улога и во регулирањето на глукозата во крвта, метаболизмот на масти, протеини и јаглехидрати, регулирање на крвниот притисок, сонот и будноста.

Менопаузата преставува природна фаза од животот на жената кога се губи менструалниот циклус, односно завршува репродуктивната способност. Тоа се случува како резултат на намалување на функцијата на јајниците, а со тоа и создавањето на естроген и прогестерон. Овие промени ја дестабилизираат хормоналната рамнотежа, а телото полека влегува во состојба на хроничен стрес дури и без надворешни фактори и притисок. Во таа ситуација, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат повеќе кортизол – хормон што телото го користи за да се справи со заканата и опасноста, но кога е зголемен подолго време, тогаш има негативни последици. Па, така, подолготрајната изложеност на вишок на кортизол доведува до:
• Зголемено складирање масти особено абдоминално стимулирајќи ја акумулацијата на вицералните масти (оние што се наоѓаат околу внатрешните органи) во стомакот. Тоа го прави преку активација на ензими што го промовираат складирањето и формирањето т.н. менопаузален стомак и покрај незголемениот калориски внес.
• Нарушен апетит – се зголемува желбата за посебен тип храна (слатка или масна), која е дел од еволутивниот механизам на телото за создавање брза енергија.
• Зголемување на инсулинската резистенција – кортизолот го зголемува нивото на гликоза во крвта и со текот на времето инсулинот станува помалку ефикасен, клетките помалку го препознаваат, па така вишокот на шеќер се складира како маст.

Сите овие фази може, но и не мора, да се појават заедно кај една личност, но по нив настапува процес на метаболна стагнација. Во оваа состојба комбинацијата на хроничен стрес, нарушена хормонска рамнотежа и намалена физичка активност, доведуваат до: бавен метаболизам, намалена мускулна маса и складирање повеќе масти дури и со ист внес на исхрана како и претходно.

Квалитетот на спиењето е исто така значаен фактор во целокупната состојба. Несоницата или лошиот сон доведува до лачење вишок кортизол. И обратно, хроничниот стрес, зголемената анксиозност, доведуваат до нарушен дневноноќен ритам на кортизолот. Ноќе, за добар сон, треба да е во ниска концентрација, а тој е покачен, што доведува до зголемен апетит, желба за брзи калориски надополнувања и уште поголемо зголемување на телесната тежина.

Диететските режими најчесто се насочени кон калорискиот и временскиот внес. Но, дури и релативно малите грешки во времето или внесувањето храна можат да го поништат напредокот. Бидејќи е тенка линијата меѓу активацијата и деактивацијата на количеството кортизол, клучот е да се постигне вистински хормонален ритам, кој не е ист за сите. Всушност, повеќето обиди пропаѓаат затоа што не се приспособени на индивидуалните потреби. Секако, како опција, постои и медицински препорачан фармаколошки третман што е влезен во алгоритмите за лекување на покачена телесна тежина со и без компликации.

Бидејќи процесот е компликуван и вклучува многу варијабли на факторите што се во игра, потребно е специјалистот ендокринолог да направи индивидуална процена во согласност со навиките, потребите и стилот на живот.
Нема потреба од екстремни чекори, само паметен и персонализиран режим, бидејќи откако кортизолот и инсулинот ќе се поправат, телото се враќа во својата природна рамнотежа, тежината се намалува, иако уште долго ќе остане стремежот на организмот да се врати во првобитната положба. Но, затоа со активно учество на сите засегнати страни (и пациентот и докторот и семејството) ќе се надмине и тој предизвик.

За да закажете консултација со ендокринолог, обратете се во контакт-центарот на Клиника „Жан Митрев“ на тел. 02/3091-484

Д-р Џулиана Михајловска
Специјалист по ендокринологија

(Комерцијален текст)

Слични објави

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прослави роденденот на својот син: Балони и маскоти насекаде во домот, а таа му пееше

Еспресо

Маја Маринковиќ добила сепса! Се искомплицирало вадењето на силиконите: „Можеше да умре“

Еспресо
Се вчитува....