8.8 C
Скопје
22:16 - 22 март, 2026

Соседите на момчето на ќерката на Здравко Чолиќ открија сè! „Веднаш ја прифатија како снаа!“

Соседите на момчето на Уна Чолиќ, проговориле за наследничката на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ и откриле дека таа не се одвојува од своето момче и дека неговото семејство ја прифатило како снаа одамна.

– Уна е прекрасна девојка! Доаѓа речиси секој ден, пристојна е и секогаш се поздравува кога ќе ги видиме заедно. Тие често патуваат некаде и секогаш одат заедно на сите настапи и концерти на Чола. Неговите родители веднаш ја прифатија како снаа, се гледа дека е од добро и чесно семејство. Тој е добро момче и се однесува кон неа како кон вистинска кралица – започнала сосетката.

Таа открила дека ќерката на Чолиќ е за пример и дека се сложува одлично со сестрата на својот партнер.

– Таа е мирна и повлечена, само се насмевнува! Тие одат заедно на сите семејни собири и прослави, само што не се преселила. Уна е многу блиска со сестрата на нејзиното момче, тие две се најдобри другарки и се дружеа уште пред да почнат да се забавуваат – заклучи сосетката.

Инаку, партнерот на Уна е богат, тој е 10 години постар од неа и често патуваат заедно на разни атрактивни дестинации. И него нејзините родители го прифатија, а ова лето заедно беа летување.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....