6.8 C
Скопје
09:01 - 1 април, 2026

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ добила отказ пред синоќешната кавга, денеска мора да ја напушти Србија?

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера, 23 октомври, ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за семејно насилство, откако парот се скарал во нивниот семеен стан во Вождовац. Исидора која е од Риека, Хрватска, го привлече вниманието на јавноста кога се омажи за 23 години постариот актер, а до неодамна работеше на телевизија Хајп како водителка, а како што тврди извор близок до овој медиум, таа наводно добила отказ.

– Кога почна да работи на телевизија, сè функционираше како што треба. Меѓутоа, во еден момент почна несериозно да ја сфаќа работата и често доцнеше. Тоа беше причината поради која доби отказ – рекол извор за српски „Ало“.

Да потсетиме, откако Сергеј се вратил од промоцијата на Сајси МЦ, а претходно не ѝ рекол каде оди ниту ѝ се јавувал на телефон, следувала кавга во која Трифуновиќ наводно ѝ рекол дека сака развод и тогаш работите ескалирале. Ниту еден од сопружниците не е повреден.

Трифуновиќ и неговата сопруга биле сослушани во полициска станица, а обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело. Но, било утврдено дека Исидора илегално престојувала во Србија, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска, а против неа е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци. По правосилноста на пресудата на судијата за прекршоци, таа ќе треба да плати парична казна и ѝ е наложено да ја напушти Србија во рок од 24 часа.

Според српските медиуми, таа моментално се наоѓа во имигрантски центар и наскоро ќе биде однесена на хрватската граница, каде некој ќе мора да дојде да ја земе.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....