23:59 - 6 април, 2026

Сопругата на Дарко Лазиќ за операцијата на пејачот: Требаше да го направи тоа одамна!

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна изјави дека наскоро повторно треба да „оди под нож“ и да се ослободи од девијација која му претставува проблем. Според зборовите на неговата сопруга Катарина тој одамна требало да се справи со тоа.

И тој не се плаши од операција, но сѐ уште ништо не закажал.

– Дарко долго време има девијација и одамна знае дека треба да се оперира. Решил да го направи тоа во наредниот период, но сè уште ништо не закажал и не знае каде ќе го оперира носот, но тоа сигурно нема да го направи во Турција – изјавила Катарина, а потоа додаде:

– Нема од што да се плаши, бидејќи може само да се подобри, ќе може да дише.

Парот минатата година ја доби ќерката Срна, а оттогаш животот на Лазиќ значително се промени.

– Целосно го променив животот откако се роди Срна. Веднаш по настапите си одам дома, нема повеќе после забави. Гледам да поминуваме што повеќе време заедно. Добро ни е, уживаме. Сакам да настапувам еднаш месечно, да закотвам мал брод и да патувам низ светот со моето семејство. Ја почувствував вистинската цел на животот и вистинската љубов на семејството – изјави Дарко.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....