11:42 - 13 февруари, 2026

СОЛЗИТЕ НА БИЛ ГЕЈТС, милионерот го прекина молкот за разводот со Мелинда: „ЈАС СТРАДАМ ИСТО КАКО ШТО СТРАДА ТАА“

Минатиот месец, на CBS, Мелинда Френч го прекина молкот за разводот од Бил Гејтс раскажувајќи ја целата емотивна драма. Предавството (имал афера со жена од неговиот персонал), гневот, простувањето, недовербата кон човекот со кој делела 27 години брак, а потоа болката и (многу) солзи.

Денес, Бил Гејтс зборува за себе во интервју за магазинот Тајмс. „Мелинда отсекогаш била зборлеста, емотивна„ – вели милијардерот филантроп, поранешен извршен директор на Мајкрософт.

-. Не сум видливо емотивен. Можеби, некаде длабоко во мене … плачев додека ја читав „Срцето“ (The Heart, од Мајлис де Керангал). Мислам, оваа книга те тера да плачеш…

Бил Гејтс е познат по многу работи: создавањето на Мајкрософт, богатството, добротворната работа со филантропската фондација создадена со неговата поранешна сопруга.

Партнерството, и покрај разводот, меѓу двајцата изгледа останува солидно во моментов. „Јас и Мелинда… Се чувствувам среќен што можам да работам со неа. Имаме блиски и сложени односи, избравме повторно да работиме заедно, но и јас – продолжува Гејтс, осврнувајќи се на разделбата објавена преку Твитер на 3 мај – страдам на ист начин како што таа страда. Кога се запознавме јас имав 38, таа 28 години. Пораснавме заедно. Имавме фантастични деца (Џенифер, 26, Рори, 22 и Фиби, 19)“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

„Но, дали бевте невнимателен?“, повторно го прашува новинарот.

– Не, бев многу сериозен. Секој брак, кога децата го напуштаат домот, претрпува транзиција. Мојата за жал помина низ онаа на развод. Од моја гледна точка, сепак, тоа беше одличен брак. Немаше да го сменам, односно не би избрал да се оженам за некој друг. Јас сепак би се оженил со Мелинда.

Поранешната сопруга во интервјуто во март не ја отфрли хипотезата за други предавства на Бил: „Тоа е прашање на кое тој треба да одговори“, рече таа.

На истото прашање пак, во новото интервју за  „Тајмс“, Гејтс не сакал да одговори.

Слични објави

Хари Мата Хари откри дали се плаши по киднапирањето на Кајмакоски: „Не сум се дружел со погрешни луѓе…“

Еспресо

(Видео) Данијела Мартиновиќ ја испеа култната евровизиска песна во истиот фустан како пред 28 години

Еспресо

Почина мајката на Гога Секулиќ: „Мајко… не можам да го поднесам ова и не сакам да поверувам“

Еспресо

Хороскоп за 13 февруари: Лавовите ќе започнат врска со Вага, Биковите ќе се вљубат во шармантна Девица

Еспресо

Јована Јеремиќ ја исплука Милица Тоодоровиќ: „Не оправдувам афери со оженети мажи!“

Еспресо

Прва слава без Саша Поповиќ: Ќерката Александра покажа како семејството ги одбележа Трите Свети Јерарси

Еспресо
Се вчитува....