7.8 C
Скопје
23:23 - 30 март, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Температури до 40 степени, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови времето и понатаму ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за ретка појава на град.

Поголеми услови за нестабилност ќе има во сабота, како и во почетокот од следната недела. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека за време на викендот и тоа особено во недела во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....