09:02 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува натпросечно високи температури!

-До петок времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Од четврток па се до крајот на неделата ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец.

Температурите од утре, а особено од четврток до сабота ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Веќе од недела, па во текот на следната седмица ќе му кажеме ЗБОГУМ НА ЛЕТОТО со што следува ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ и продор на СТУДЕН ВОЗДУХ од север. Исто така, на повеќе места ќе има и врнежи, а температурите од недела па натаму ќе опаднат дури за 10 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Уште пониски температури барем отсега гледано ќе имаме во текот на следната недела. Не се исклучува можноста со овој продор од север на највисоките планински места на Балканот, но и во Македонија да пристигне и првиот СНЕГ за оваа сезона, вели нашиот метеопрогнозер Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....