06:18 - 10 јануари, 2026

Скандал! Весна Ѓогани ограбена на настап во Сараево, крадецот фатен на камера!

Весна Ѓогани била ограбена пред 2 дена на настап во Илиџа, Сараево.

Имено, на видеото снимено од изворот на српски „Курир“, може да се види како гостин му го дава на вработен во локалот бакшишот на Весна, а потоа прави нешто невидено срамно!

Наместо да ѝ го даде целиот бакшиш, тој гледа налево – надесно зема дел од парите и ги префрла во другата рака, а другиот дел ѝ го дава на пејачката.

Тој погледнал настрана за да се осигури дека никој не гледа што направил, а потоа ѝ дал на пејачката само дел од сумата, додека другите пари ги задржал за себе.

Срамниот потег го снимила една од гостинките таа вечер.

Видетото можете да го погледнете – ТУКА.

Инаку, додека поп-ѕвездите се мачат на црногорскиот брег да не ги откажат своите настапи поради недостаток на туристи и хитови оваа година, Ѓоле и Весна Ѓогани уживаат за сите пари!

И оваа година тие го поминуваат летото во најскапиот хотел во Црна Гора, каде што ќе поминат два полни месеци. За тоа, според изворите, издвоиле над 35.000 евра. Но, тоа не е сè. Исто така, постојат и дополнителни трошоци што ги плаќа семејството Ѓогани, како што е сместувањето за своите миленици.

– Тие имаат куче и две мачки кои сите во семејството ги обожаваат и им посветуваат многу внимание. Кога се во Белград, Весна редовно го носи кучето на шишање и бањање, таа се грижи и за мачките, како да се нејзини деца, нема никаква разлика. Затоа ги зедоа со себе во Црна Гора на одмор, а хотелот каде што престојуваат со години има посебен дел каде што престојуваат милениците. Секако, сè чини пари, но за Ѓоле, парите не се проблем кога станува збор за задоволство. Сместувањето за една мачка чини 30 евра на ден, за куче 40. Ова значи дека плаќаат вкупно 100 евра на ден само за миленици – раскажува соговорникот.

 

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....