6.8 C
Скопје
09:14 - 1 април, 2026

Синот на сопственикот на теретани раскина со ќерката на Здравко Чолиќ, па си фати тиктокерка!

Поранешното момче на Лара Чолиќ, Андрија Ѓ. наводно започнал врска со тиктокерка откако раскинал со ќерката на Здравко Чолиќ.

Имено, откако раскинал со Лара, Андрија пронашол нова љубов, па од неодамна наводно ужива во љубовта со девојка која често снима клипови за ТикТок.

Како што пишуваат српските медиуми, раскинувањето поминало без драма, а двајцата заклучиле дека е вистинско време да се фокусираат на личниот развој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ccoliclaraa


Лара Чолиќ, помладата ќерка на Чола, уживаше во љубовта со Андрија Ѓ. речиси една година. И како што се пишуваше, двете семејства биле воодушевени од нивниот избор. Инаку, Андрија е син на сопственикот на најголемиот ланец на теретани на Балканот.

Двајцата не ги криеја своите емоции – заеднички фотографии и романтични моменти редовно се појавуваа на социјалните мрежи, а поддршка имаа и од своите семејства.

Да потсетиме, нивната врска стана тема на медиумите кон крајот на минатата година, кога вљубени до уши присуствуваа на концерт на позната поп-ѕвезда, без да ги кријат своите емоции – се прегрнуваа и бакнуваа пред публиката како да се сами во салата.

– На Чола му се допаѓа изборот на Лара и целосно ја поддржува. И нејзината мајка Александра и нејзината постара сестра Уна се воодушевени од Андрија и начинот на кој се однесува кон Лара. Здравко го познава таткото на момчето на Лара долго време, знае колку се вредни и добри луѓе, а истото важи и за семејството на Андрија. Инаку, пред него, Лара беше во врска со момче една година, но таа љубов заврши на крајот од 2023 година. Во меѓувреме, таа беше сама, а потоа по неколку месеци го запозна Андрија и оттогаш буквално се неразделни – заклучи изворот.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....