15:41 - 5 декември, 2025

Што ќе се случува на втората полуфинална вечер на Евровизија, еве ги фаворитите на Италијанците

Второто полуфинале на Евровизија е закажано за денес во Пала Олимпико во Торино, Италија. Водителите, се разбира, остануваат исти, тројката – Лаура Паузини, Мика и Алесандро Кателан. На оваа полуфинална вечер ќе настапи на нашата претставничка Андреа со песната „Кругови“.

Лаура и Мика ќе ги видиме во дует- настап посветен на поддршка на мирот во Украина, на нотите на „Fragile“ од Стинг и „People have the power“ од Пети Смит.

Од земјите кои настапуваат во втората полуфинална вечер, големи се очекувањата за Сан Марино, со претставникот Ахил Лауро, но и за Малта со Ема Мускат, позната во Италија по учеството во талент-шоуто „Амичи“.

Заедно со нив на сцената ќе настапат други 16 уметници од исто толку земји (вкупно 18 изведби). Финска ќе ја отвори вечерта со The Rasmus и песната Jezabel.

Потоа на ред ќе дојдат Израел (Мајкл Бен Давид – I.M), Србија (Констракта- In Corpore Sano), Азербејџан (Надир Рустами – Fade To Black), Грузија (Circus Mircus – Lock Me In), Малта (Ема Мускат – Јас сум тоа што сум), Сан Марино (Ахил Лауро – Стриптизер), Австралија (Шелдон Рајли – Не е исто), Кипар (Андромаха – Ела), Северна Македонија (Андреа – Кругови), Естонија ( Стефан – Надеж), Романија WRS – Llámame), Полска (Охман – Река), Црна Гора (Владана – Дише), Белгија (Jérémie Makiese – Miss You), Шведска (Корнелија Јакобс – Hold Me Closer), Чешка (We Are Domi – Lights Off).

Директно пак во финалето оди големата петорка, Германија, Шпанија, Велика Британија, Италија и Франција.

По настапот на сите пејачи, ќе се случува гласањето преку жири и телевоутинг.

Земјите-учеснички, но и Германија, Англија и Шпанија, ќе можат да гласаат за второто полуфинале. Најдобрите десет ќе се квалификуваат во финалето и ќе настапат повторно во сабота на 14-ти, кога во конкуренција ќе влезат и земјите кои директно пристапуваат до финалето Италија, Германија, Обединетото Кралство, Франција и Шпанија.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....