2.8 C
Скопје
19:46 - 24 декември, 2024

Што да направите доколку вашите деца се пребирливи во однос на храната

Секое дете, но и секој возрасен човек, треба да јаде разновидна храна за да биде здрав и витален. Кога станува збор за децата, тие од ден на ден растат и се развиваат, но и постојано учат, па токму тоа е причината што на нивното дневно мени мора секојдневно да се наоѓа храна богата во масти, витамини, минерали и растителни влакна.
Но многу често ваквите совети на нутриционистите и на лекарите, родителите не можат да ги реализираат бидејќи децата, особено оние на помала возраст, се исклучително пребирливи и склони да јадат само еднолична храна. Тоа многу често е причина загриженост кај родителите бидејќи се плашат дека едноличната храна ќе им го намали имунитетот на нивните најмили, а со тоа и развојот на одредени болести ќе стане полесен.

Не инсистирајте
Токму поради тоа, подготовката на храната и сервирањето на трпезата, наместо задоволство од ден на ден се претвора во нешто што создава стрес и притисок.
Сепак, поголемиот број нутриционисти најчесто го лоцираат проблемот кај возрасните, а не кај децата. Според нивните ставови, начесто родителите се тие што им сервираат на децата храна што ни тие самите не би ја јаделе, а притоа му прават притисок на детето дека тоа морат да ја изеде и тоа по секоја цена, бидејќи понудената храна е здрава. Тоа предизвикува контра ефект.
Затоа, експертите советуваат родителите веднаш да го променат својот пристап и очекувањата што ги имаат околу тоа, што и колку треба да јаде нивното дете во текот на денот.

Бидете пример за вашето дете
Родителите треба да им обезбедат на децата нутритивно богати оброци и ужинки, кои ќе бидат правилно распоредени (за најмалите на секои 2 до 3 часа). Доколку не постои какво било предупредување од лекар дека вашето дете треба да јаде или, пак, да избегнува одреден вид храна, во тој случај треба да го оставите детето да јаде кога сака, колку сака и што сака, без да му правите притисок. Она што секој родител треба да го прави е да му биде пример на своето дете. Јадете здрава храна, а детето гледајќи ве вас, едноставно ќе почне да ве следи и да го прави она што го прави нивниот идол, т.е. родителот.

Родителите на пребирливите деца немаат потреба за грижи
Постојат деца што се склони кон најразлични типови на храна, но има и такви што во текот на денот јадат малку, па нивните родители се загрижени за нивното здравје.

1. Обожаваат да јадат тестенини
Најголем број од пребирливите деца кога храната е во прашање, можат да се вбројат во оваа група. Тие не само што сакаат да јадат макарони и шпагети, туку обожаваат да грицкаат и похувана храна (најчесто пилешко). Најверојатно токму затоа родителите се грижат дека нивните деца не внесуваат доволно витамини и минерали. Сепак, доколку детето во комбинација со макароните на пример, јаде и зеленчук, или пак, по оброкот пие сок од свежо цедено овошје, тогаш нема место за паника и можете да се опуштите.

2. Воведување нова храна
Кога станува збор за воведување нова храна кај децата, на пример вариво од зелка или пита со праз, родителите многу често имаат проблеми околу тоа како и на кој начин да ги натераат да пробаат, а не, пак, да јадат.
Според податоците добиени од едно истражување, понекогаш за да пробаат барем еден залак од некое ново јадење, децата треба да ги понудите во просек по 15 пати. Можеби дури тогаш ќе се осмелат да каснат макар и едно залче.
За да си ја олесните работата, можете новите намирници да ги декорирате на интересен начин. Така ќе им бидат попримамливи и постои можност да ги намамите за да го пробаат оброкот.

3. Обожаваат грицки
Се разбира дека децата ќе јадат грицки какви што се чипсови, смоки или соленки многу повеќе од варива, бидејќи вие како родители многу почесто им ги сервирате на маса. Затоа, избегнувајте да купувате ваква нездрава храна и престанете да им ја нудите на децата наместо ужинка.
Доколку сепак инсистирате меѓу оброците децата да грицкаат нешто, во тој случај набавете бадеми, лешници или ореви. Ваквите грицки не само што ќе им бидат одлична ужинка, туку со нивно јадење децата ќе внесат голем број витамини, минерали и растителни влакна, кои ќе им овозможат зајакнување на имунитетот и правилен раст и развој.

Слични објави

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо

(Видео) Северина на Бадник сподели видео со мајка си: „Таа е најдобра и најубава“

Еспресо

На Алек Болдвин нема да му се суди за убиството на сетот за филмот: Случајот е официјално затворен!

Еспресо

(Фото+видео) Вака изгледала Слобода Миќаловиќ како девојче: Името ѝ го дал татко ѝ, а зад сè се крие трогателна приказна

Еспресо

(Видео) Анастасија Ражнатовиќ го покажа голиот стомак на луда журка во Шпанија: Се забавува со золвата и со Ема Радујко

Еспресо
Се вчитува....