2.8 C
Скопје
18:36 - 23 декември, 2024

Шест причини поради кои вашето момче нема да се ожени со вас!

Сигурно може да се сетите барем на една ситуација во која парот прекинал, а машкото набрзо се свршило со друга девојка.

Мора да признаете дека таков потег е навистина изненадувачки и се поставува легитимно прашањето: Зошто една жена по неколку години врска не добила веренички прстен, а другата ја има таа привилегија уште на почетокот.

„Bright Side“ се позанимава со дешифрирање на машката логика и се обиде да одговори на овие горки прашања кои ги мачат многу генерации на жени насекаде низ светот.

  1. Не постои „вистинска жена“. Најважно е да бидете со машкото во вистинско време.

На социјалните мрежи некој објавил мислење дека мажите не се свршуваат кога ќе ја запознаат „љубовта на својот живот“, туку кога се подготвени да создадат семејство. Еден корисник на Твитер постојано се интересирал за таа теорија и ги замолил мажите да коментираат. И скоро едногласно, мажите признале дека имале љубовни врски за кои им е криво што прекинале, но тоа не ги спречило да се свршат кога ќе ја запознаат жената за која мислат дека може да им биде сопруга.

Исто така се покажало дека мажите многу побрзо се одлучуваат да влезат во брак, ако девојката во која биле заљубени долго време решила да се мажи. Тогаш си признаваат сами на себе дека веќе немаат шанса кај таа девојка и тогаш тргнуваат во потрага по нова љубов.

Интересно е тоа што луѓето рекле дека најдобри години за основање семејство е помеѓу 28 и 32 години. После тоа, шансите дека мажите ќе посакаат да се оженат, драстично опаѓаат, а по 42 година, шансите се готово еднакви на нула.

  1. Мажот нема да ве однесе пред олтар само затоа што сте му физички привлечни.

Тоа го потврди и истражувањето кое опфатило 3500 мажи кои добиле задача да ги опишат своите вереници. Само 20 отсто од нив користеле зборови кои имале врска со физичкиот изглед (пр. Прекрасна, атрактивна или секси), додека 80 отсто ги кажале нивните особини.

  1. Мислењето на пријателите и родителите може да влијае на нивната одлука.

Дури и кога машкото изгледа прилично независно, на тоа која ќе му стане сопруга големо влијание има и мислењето на неговите пријатели и родители.

Пријателите имаат голема улога во почетната фаза од нивната врска и нивното мислење може да го забрза процеот на вљубување, додека одобрувањето од родителите може да биде пресуден фактор во носењето на конечната одлука.

  1. Мажите не знаат да читаат меѓу редови.

Ако нивната партнерка никогаш не разговара за брак и не покажува желба да застане пред олтар, мажие најчесто заклучуваат дека тие се задоволни од моменталната ситуација. Поради и тоа не се одлучуваат на иден чекор.

Со други зборови, мажите не знаат да читаат меѓу редови, но се добри во носење заклучоци. Кога неговата партнерка ќе го изгуби трпението, ќе ги спакува куферите и си оди, мажите ќе ја анализираат ситуацијата и кога ќе ја запознаат следната партнерка, ќе бидат брзи во носењето на одлука да се оженат.

Тоа го потврдува и статистиката. Имено, 73 отсто од девојките во едно истражување признале дека вршеле притисок на своите партнери и инсистирале на тоа да бидат запросени.

  1. Ако живеете заедно, имате 50 отсто помали шанси да се венчате.

Жените веруваат дека заедничкиот живот е чекор кон брак, додека перцепцијата на мажите е поинаква. Ако живеат со девојка, тие веќе сметаат дека имаат семејство и веќе немаат потреба за формална потврда.

  1. Не треба сите врски да завршат со брак.

Додека девојките и понатаму мислат дека секое нивно момче во иднина им е „оној вистинскиот“, момците ги немаат тие стереотипи. Поради и тоа доаѓа често до недоразбирање помеѓу партнерите.

Слични објави

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо
Се вчитува....