7.8 C
Скопје
08:20 - 2 април, 2026

Шакира го прекина молкот за даночната измама: „Под водство е на најдобрите даночни експерти“

Шпанските весници вчера беа преполни со колумбијската пејачка откако уште еднаш беше обвинета за даночна измама. Според шпаснките медиуми, Судот во Барселона ја обвинувла дека ги измамила даночните власти за данок на доход и данок на имот во 2018 година.

Но овојпат Шакира се огласи пејачката преку својот тим за односи со јавност и адвокатски тим кои отркиваат како таа се чувствува во овој момент на обвинувања.

„Како што беше наведено во многу наврати, Шакира го брани својот став дека секогаш постапувала во согласност со законот и под водство на најдобрите даночни експерти“, изјави во четвртокот нејзиниот тим за односи со јавноста.

„Адвокатскиот тим на пејачката нема да дава никакви коментари додека известувањето не стигне до нив преку официјалните и законски утврдени канали“ – се вели понатаму во соопштението.

„Како што е јавно познато, а и официјално известено е шпанското Министерство за финансии, Шакира сега живее во Мајами, па мора да биде известена лично на нејзината нова адреса, строго во согласност со одредбите на Законот. Сега таа е фокусирана на нејзиниот уметнички живот во Мајами и е спокојна и сигурна во поволното решение околу нејзините даночни обврски“, се вели на крајот од соопштението.

 

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.
Се вчитува....