18.8 C
Скопје
16:03 - 13 март, 2026

Сергеј Трифуновиќ повторно уапсен во Хрватска, утринава однесен во Сплит

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доцна синоќа е приведен на границата помеѓу Србија и Хрватска, односно на граничниот премин Бајаково, јавуваат хрватските медиуми.

Како што наведува „Слободна Далмација“, полицијата рано утринава веднаш од границата го спровела во Сплит.

Трифуновиќ бил уапсен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска. Тој во текот на денот ќе биде донесен во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде го чека ново судење.

Да потсетиме, тој пред речиси точно една година беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и држење на куче без надзор.

Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за држење куче без надзор.

Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради прекршокот што наводно го направил Трифуновиќ може да му се изречи парична казна до 4.000 евра за навреда на службено лице и до 1.000 евра за држење куче без надзор, пренесе ХРТ.

На Трифуновиќ му била изречена забрана за влез во земјите на ЕУ во траење од една година.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....