6.8 C
Скопје
09:07 - 1 април, 2026

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство, вистинска драма се одвивала во станот, еве што се случило!

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, дознава српски „Курир“.

Според изворот на „Курир“, полицијата синоќа нешто по 22 часот по пријава на Трифуновиќ дошла во станот на Вождовац, каде што тој живее со сопругата.

Сергеј наводно изјавил дека се скарал со сопругата и дека рекол дека ќе го напушти станот. Таа тогаш се заканила дека ќе искрши сè во станот рекол изворот за „Курир“ и додал дека за сè било информирано Второто основно јавно обвинителство.

Трифуновиќ и неговата сопруга биле сослушани во полициска станица, а обвинителот се изјаснил дека нема елементи на кривично дело.

Меѓутоа, било утврдено дека Исидора практично илегално престојува во Србија, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска, па против неа е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци, додал изворот.

Сергеј и Исидора се венчаа на 12 мај, додека пред една недела, судејќи по неодамнешните објави на Инстаграм, тие ја официјализираа својата љубов овој пат со граѓански брак.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....