-1.2 C
Скопје
05:24 - 11 март, 2026

Семејството на Пике едвај чека Шакира да се отсели во Америка, таа заминува на 1 април: „Односите стануваат сè потоксични и штетни за децата“

Семејството на Жерар Пике продолжува да го трпи раскинувањето помеѓу Шакира и поранешниот играч на Барселона.

Според новинарката Сандра Аладро на El programa de Ana Rosa, пејачката долго време сака да ја напушти Шпанија и не си заминала од тука само поради нејзиниот татко кој беѓе хоспитализиран пред извесен период.

Она што станува многу јасно е дека и Пике и неговото семејство сакаат таа да ја напушти Шпанија порано отколку подоцна, плашејќи дека токсичноста помеѓу парот ќе излезе од контрола.

„Тие се согласија со заминувањето на Шакира од Шпанија, јасно им е дека тоа ќе се случи и тие имаат можности да отпатуваат во Мајами за да ги видат децата“, објасни Аладро во емисијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Понатаму, новинарката потврди дека ситуацијата меѓу поранешната двојка и понатаму е многу лоша и се покажува како штетна за децата кои ги имаат заедно.

„Тензијата е таква што тие веруваат дека најдобриот лек е што побрзо да се случи заминувањето, дотолку подобро за сите… сега децата се во многу лоша ситуација“, објасни таа.

Ќе им недостигаат малите Милан и Саша, но ситуацијата е неодржлива. Сите го знаат тоа“, додаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Според „Ел Периодико“, преселбата на Шакира во Мајами е неизбежна, што ќе биде големо олеснување за семејството на Пике.

„Пејачката планира да се пресели во американскиот град на 1 април за да ги искористи училишните распусти што ги имаат американските ученици во текот на тие недели“, пишува весникот.

 

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....