-0.2 C
Скопје
08:31 - 3 февруари, 2026

„Се случи големо предавство!“: Милица Тодоровиќ низ солзи раскажа за болната врска со сестра ѝ и зетот

Српската пејачка Милица Тодоровиќ доживеала тешки моменти во животот, а особено болно за неа било предавството на зетот кој ѝ беше менаџер.

Имено, пејачката во неколку наврати изјави дека во еден момент од животот имала психолошка криза, која успеала да ја надмине.

При гостувањето во една емисија, Милица се присети на еден болен период за неа и рече дека главна каписла за кризата што ја имала била ситуацијата со нејзината сестра и зетот.

– Сопругот на мојата постара сестра ми беше менаџер четири години и имаше големо предавство. Не ми се допаѓа неправдата во ниту една сфера од животот, во ниту еден момент. Нема да навлегувам во детали, пишуваше, но сестра ми не можеше да застане на мојата страна и остана со сопругот заради децата, како што рече тогаш, но не е важно. Но јас останав во следните пет години останав без мојата сестра и внуците, што беше многу болно за мене – изјави Милица во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.

Милица нашла сила да ѝ прости на својата сестра, но и на зетот и да продолжи понатаму.

– Минатата година седнав со мојот зет и му кажав сè што чував внатре во тие пет години, четири години како што беше, сите најгрди работи, сè… Се извини самиот, искрено се покаја, реков дека му простувам заради моите внуци и сестра ми, му простувам и него затоа што некако секој од нас има задача овде на оваа планета Земја. Неговата задача беше можеби да го преброди тоа и да види дека погрешил, сега се занимава со сосема други работи, откри дека има дарба да лекува други луѓе, а за мене беше одлично училиште, малку да се разбудам и да станам сериозна – беше искрена пејачка.

Многу пријатели и денес се лути на Милица и не можат да поверуваат дека успеала да прости.

Слични објави

Хороскоп за 3 февруари: Овните ќе пленат со позитивна енергија, Раковите ќе се фокусираат на тимска работа

Еспресо

Огњен Амиџиќ шокираше со својата реакција на прашањето за венчавката на неговата бивша, oткри дали си размениле честитки

Еспресо

(Фото+видео) Каролина Гочева со доза „рај“ од далечината: Егзотично бегство на Сејшелите со сопругот!

Еспресо

(Фото) Ги остави сите во неверување: Маја Николиќ позираше на снегот во гаќи и маичка

Еспресо

„Секој дома има свој тоалет, дури и жените што готват“: Вики Миљковиќ „плива“ во пари

Еспресо

(Видео) Првично бил во фолк-водите: Ќе се изненадите како звучел Тоше Проески на почетокот

Еспресо
Се вчитува....