2.8 C
Скопје
02:36 - 14 март, 2026

Се претвори во жива статуа: Селин Дион откри дека боледува од страшна болест која погодува еден од милион луѓе

Селин Дион им се обрати на своите фанови со тажна вест. Пејачката на својот Инстаграм профил објави видео во кое вели дека боледува од ретка невролошка болест која погодува еден од милион луѓе во светот.

– Здраво на сите. Извинете што ми требаше толку време да ви се обратам. Многу ми недостигате сите и едвај чекам да разговарам со вас на сцената, започна таа.

– Како што знаете, секогаш бев отворена како книга и претходно не бев подготвена да кажам ништо, но сега сум подготвена. Имам здравствени проблеми долго време и ми беше многу тешко да се соочам со предизвиците и да зборувам за се низ што поминував, додаде таа и ја откри својата дијагноза.

Болеста на Дион се нарекува „синдром на вкочанета личност“, ретка е и ја добива еден од милион луѓе, откри таа.

– Иако сè уште учиме за оваа ретка болест, сега знаеме што ги предизвикува грчевите што ги имав, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пејачката исто така откри дека откажала осум концерти закажани за летото 2023 година и ги поместила датумите на концертите што требаше да се одржат во пролетта 2023 година во 2024 година.

За каква болест се работи? Тоа е ретко невролошко нарушување со карактеристики на автоимуна болест. Се карактеризира со флуктуирачка мускулна вкочанетост во телото и екстремитетите и зголемена чувствителност на стимули како што се бучава, допир и емоционален стрес, што може да предизвика грчеви во мускулите.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....