4.8 C
Скопје
23:25 - 5 февруари, 2026

Се огласи екс-сопругот на БРИТНИ СПИРС: „Ја сакав Бритни, но ги сакав и нејзините пари“, еве што ѝ порача на пејачката која е бремена!

Кевин Федерлајн, поранешен танчер и поранешен сопруг на Бритни Спирс, преку адвокатот реагираше на веста дека пејачката е повторно бремена!

Пејачката Бритни Спирс (40) на социјалните мрежи откри дека е бремена и дека по трет пат ќе ја „игра“ улогата на мајка со својот вереник Сем Асгари.

Бритни од бракот со Кевин Федерлајн, со кој беше од 2004 до 2007 година, ги има синовите Шон (16) и Џејден (15).

Тој за американските медиуми зборуваше преку адвокат и ѝ „посака се најдобро на својата поранешна сопруга“.

„Тој и посакува се најдобро, здрава бременост и им честита на неа и на Сем Асгари додека заедно се подготвуваат за шармот на родителството“.

Кевин Федерлајн своевремено откри дека Бритни го запросила по три месеци врска и „дека многу ја сакал“.

„Животот со неа беше и прекрасен и чуден. Нема да зборувам за многу работи, но сè беше ново за мене – не требаше да размислувам за ратите за автомобилот, знаев да одам во клуб и да изнајмувам маса за 15.000 долари и пијачките постојано пристигнуваа. Ме повреди кога го доби старателството по разводот, но јас ја сакав“.

Набргу по разводот, Кевин, додека во ек беа приказните дека Бритни има „ментални проблеми“, го доби целосно старателството над синовите, а тие и денес живеат со него. Федерлајн, покрај Шон и Џејден, со поранешните девојки и уште една сопруга, има уште четири деца.

 

 

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....